| Предновогодишно дружење со „Отворете ги прозорците“ |
|
26.12.2009 - На 26-ти декември, „Отворете ги прозорците“ им прикажа одблизу на граѓаните како лицата со хендикеп користат пристапна информатичка технологија. Водени од тоа дека новите технологии постојат за да ги надминат старите бариери, а не да создаваат нови, нашите корисници практично претставија како хендикепот во еден момент може да стане небитен.
Заедно со Стефан и Мартин од „Next Time“ и Мијата, како и други досегашни поддржувачи на нашето здружение корисниците ја презентираа пристапната информатичка технологија. Користејќи прилагодени компјутери, уреди и софтвер, тие им објаснуваа на гостите и заинтересираните посетители како го користат компјутерот на нестандарден начин. Дел од посетителите имаа можност и самите да ги користат асистивните уреди.
Во оваа пригода, компаниите „ MARS Incorporated“ и „One“ ги израдуваа нашите корисници доделувајќи им новогодишни пакетчиња.
По завршувањето на презентацијата, „Отворете ги прозорците“ организира кратка новогодишна забава за корисниците, поддржувачите и соработниците во ресторанот „Ла Луна“. Нашите корисници ги извлекоа имињата на среќните добитници на новогодишните подароци, обезбедени од неколку фирми-поддржувачи на настанот. Сите посетители на презентацијата кои ги доставија своите лични податоци во оваа скромна новогодишна лотарија ќе бидат писмено известени за исходот. |
||||||